FOOD CONSULTING - друштво за консултантски услуги




FOOD CONSULTING се здоби со РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Консултанската куќа Фуд Консалтинг се здоби со РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА, поточно проценка на ризик, ИЗРАБОТКА НА ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ и ИЗРАБОТКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМИ ЗА ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТАТА. Со ова уште еднаш ја покажавме посветеноста кон клиентите и нивните потреби. Следењето и работењето во согласност со позитивното законодавство, е битен предуслов за успешно функционирање на секоја компанија во современите услови. Определбата да работите со нас и на ова поле ви дава можност да ги согледате практичните аспекти од воведуванјето на законската регулатива во вашата компанија, и нуди можност на ефективена начин да стигнете до целта.

Решение за вршење на стручни работи од областа на здравје и заштита при работа. (pdf)

Нова услуга - ИНФО ЦЕНТАР на FOOD CONSULTING

Овој инфо - центар е резултат на нашето повеќе годишно работење како советодавно организација и реалните искажани барања на Бизнис заедницата во Македонија за потребата од алатка со која ќе бидат навремено и точно информирани за сите новини во полето на:
  • Измени и новини во законските обврски на МК и ЕУ поврзани со вашата дејност.
  • Новини, Искуства, Трендови, Истражувања поврзани со вашата дејност.
  • Информации за Организирани Обуки, Семинари, Работилници.
  • Информации поврзани со предпристапните фондови на ЕУ.
  • Информации за останати програми наменети за развој на Малите и Средни претпријатија.
  • Новини на полето на стандардизација ISO, HACCP, GLOBALGAP, C знак ...
  • Новини и искуства поврзани со Земјоделство и Органско производство

ИНФО ЦЕНТАРОТ е наменет како за деловни субјекти така и за физички лица свесни за потребата од постојано добивање на последната информација, која може да влијае на нивното работење и конкурентноста на нивните производи/услуги на домашниот и надворешните пазари.

За повеќе информации превземете ја брошурата за ИНФО ЦЕНТАРОТ. (pdf)

Измени во стандардот ISO 9001:2000

Kако член на ISRM, Food Consulting ги прати современите случувања во полето на стандардзиација во меѓународните организации EFSA, ISO, FSD. Со цел за навремена и точна информираност на нашите клиенти Ве известуваме: Во Октомври 2008 излезе новата ревизија на ISO 9001 системот за управување со квалитет. Досега познат како ISO 9001:2000 новата ревизија е преименуван во ISO 9001:2008. Измените во поглед на барањата на стандардот може да ги превземете тука. (pdf)

Новини во тековни активности

- По успешото имплементирање на ISO 9001:2000 од страна на Food Consulting, градежната фирма Адонис се стекна со сертификат за управување со квалитет ISO 9001:2001 кој е уште еден доказ за нивната посветеност кон барањата на клиентите.

- Во ресертифицирањето на своето примарно производство по барањата на новиот GLOBALGAP во јули годинава и имплементирањето на HACCP системот, Рудине го затвори ланецот "од фарма до вилушка", кое на потрошувачот му нуди следливост и безбедност на производите кој што ги конзумира.

- По успешната имплементација на ISO 22000:2005 стандардот за управување со безбедност на храна од страна на Food Consulting, P.I.C. Co стана дел од друштвото на сертифицирани фирми по ISO 22000:2005. ISO 22000 во Swisslion

- Во Swisslion за првпат во Македонија се воведe стандардот ISO 22000:2005. Со консултантски услуги позади овој проект стои Фуд Консалтинг. Следна фаза на која работиме е користење на сензорна анализа на производите. ISO 9001 во кардиохируршката клиника Филип II

- Најреномираната кардиохируршка болница во Македонија - Филип II во соработка со Фуд Консалтинг како консултантска куќа се здоби со сертификат ISO 9001:2000

-Во P.I.C. Co, фирма која многу успешно го имплементираше ISO 9001:2000, активно се работи на нови развојни фази, изработка на софтверска програма која би го олеснила секојдневното работење, активно работиме на внесување на елементите на ISO 9001:2000 во таа програма...
Проширувањето во дејноста на производството донесе новини во нашата соработка, се започна со имплементација на ISO 22000:2005

ISO 22000 во Swisslion Агроплод

- Во Swisslion Агроплод се имплементира ISO 22000:2005 во соработка со Фуд Консалтинг

Нови обуки

- Потребата да се биде постојано во чекор со новитетите во полето на стандардите, не наведе да организираме семинар за оценувачи на најновиот стандард кој се однесува на безбедноста на храна ( ISO 22000:2005) во соработка со Business Edge. Подетални информации за курсот може да видите на нивниот сајт www.businessedge.ie

- Заштита на животната средина е една од најактулените теми на секојдневието. За таа цел, Фуд Консултинг организира семинар за Водечки оценувачи на системите за управување со животна средина според барањата на ISO 14001:2004 (обуки) во соработка со Business Edge.

- Европска унија - Отворени фондови за Македонија, можности кои треба да се искористат од страна на малите и средни претпријатија. Фуд Консултинг учествуваше на обуките како да се подготви проект со кој може да се аплицира за добивање неповратна помош од ИПА фондовите.
Следејки ги и останатите донаторски програми, се одлучивме да организираме обука за РП 7 во соработка со Проф. Д-р. Владимир Какуринов (обуки).

Нови услуги

- Воведовме нова услуга, консултански услуги за добивање на CE знак (medical devices)

- Следиме што се случува на полето на здравјето и заштитата на вработените кои се изложени на одредените ризици за време на своето работење… Неодамна ФУД КОНСАЛТИНГ се здоби со оценувач за OHSAS, семинар организиран во Белград...

Корисни линкови:

www.iso.org (интернационална организација за стандарди)

www.basprog.org.mk (БАС програма - програма за финансиска подрршка на фирмите во Македонија

www. brcglobalstandards.com (официјална страна за BRC стандардите)

www.fao.org/es*/esn/codex (корисни информации од светската организација за храна и земјоделие)



  © Food Consulting webmaster