FOOD CONSULTING - друштво за консултантски услуги



ISO 9001
ISO 14001
ISO 22000
ISO 13485









(International Standards Organization) е светска организација на национални тела за стандардизација. Изработката на меѓуна-родните стандарди се врши преку ISO техни-чките комитети. Но идејата за квалитет не е откритие на современиот свет.
Се смета дека првиот пишан документ кој ги содржи елементите на квалитетот е "Книгата на мртвите' која потекнува од времето на Стариот Египет.

Историјата продолжува..

Меѓународната Организација за Стандарди (ISO) е основана во 1946 година во Женева и ги создава првите меѓународни стандарди за производство, трговија и комуникации. Од тогаш па наваму издадени се огромен број на стандарди кои ги опфаќаат речиси сите дејности во индустријата и трговијата со специфики по дејности.

ФУД КОНСАЛТИНГ со своите високо обучени кадри може да ви помогне во имплемента-цијата на неколку од нив:

ISO 9001:2008

ISO 9001 серијата иницијално е објавена во 1987 година и ги поставува општите услови и неопходни компоненти за управување со квалитет, и во детали основните услови и барања за квалитетно функционирање во сите индустриски гранки. Понатаму развојот на ова серија оди по овој редослед:

  • 1994: Прва комплетна ревизија : ISO 9000, 9001, 9002, 9003 и 9004
  • 2000: Втора ревизија : ISO 9000, 9001, 9004
  • 2005: Трета ревизија
  • 2008: Последна ревизија

Значењето е следното:
  • ISO 9000:2005 (Foundation and vocabulary generalities)
  • ISO 9001:2008 (Requirements, certification"design" is always present in the scope of certification)
  • ISO 9004:2000 (Guideline for the improvement of performances) manual for executing improvements (TQM)

Излезе новата ревизија ISO 9001 од 2008 година, промените во барањата на новата ревизија во споредба со ревизијата од 2000 може да ги превземете тука. (pdf)

Стандардот според кој фирмите добиваат сертификат е ISO 9001:2008, ISO 9000 ги содржи термините и дефинициите, а ISO 9004 содржи објаснувања кои можат во многу да и помогнат на една компанија која сака да оди еден чекор повеќе со веќе имплементираниот ISO 9001.

Во моментов има над 500.000 ISO 9001 сертифицирани фирми ширум светот.
Работењето во согласност со барањата на ISO 9001 стандардот и сертификацијата ке ви помогнат да:

  • постигнете единство во организацијата во однос на целите
  • воведете рационално планирање и управување со ресурсите
  • ги намалите расходите предизвикани од недоволно квалитетно производство
  • го промовирате и подобрите вашиот бизнис и маркетинг
  • го зголемите профитот
  • ги направите вашите бизнис партнери сигурни и задоволни од соработката со вас

ISO 14001

ISO 14001 е меѓународен стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за Системот за управување со животна средина. Тој обезбедува високоефективена, гло-бално прифатена рамка за воведување и континуирано подобрување на применлив систем за менаџирање со животната средина во текот на производството и планира-њето.
Имплементирањето на ISO 14001 стандардот ќе ви помогне да:

  • ја подобрите продуктивноста
  • ги намалите трошоците за енергија и за осигурување
  • бидете континуирано компатибилни со законската регулатива
  • бидете препознатливи во јавноста по напорите за заштита на животната средина
  • подобри односи со бизнис партнерите, локалната самоуправа и јавните служби

ISO 22000

ISO 22000:2005 е стандард кој ги дефинира барањата кои треба да ги задоволи една компанија за да има воспоставено систем за управување со безбедност на храна.
Во овој стандард се дефинирани барањата кои се однесуваат на сите компании кои се дел од синџирот на храна.
Во синџирот на храна спаѓаат:

  • произведувачите на сточна храна
  • примарното производство
  • преработувачите
  • транспортни фирми
  • фирмите кои вршат складирање на храна
  • трговците со храна
  • и сите фирми од типот на: произведувачи на опрема, материјали за пакување, средства за чистење и дезинфекција, произведувачи на адитиви. . .
Имплементирањето на овој стандард ќе ви помогне да:
  • воспоставите систем за производство на безбедна храна, систем кој лесно ке можете да го обновувате, одржувате и подобрувате
  • работите според последните законски барања (важечки во Македонија и во Е.У.)
  • активно да ги следите барањата на клиентите и барање начини за нивно задоволување
  • воспоставување на систем на комуникација со останатите членови на синџирот на храна, со посебен акцент на безбедноста на храната

Главната разлика помеѓу HACCP и ISO 22000:2005 е што со HACCP можете да избере опсег од каде до каде во текот на производтсвото може да сносите одговорност за безбедноста на храната, но со ISO 22000:2005 немате право на исклучок, сите се вклучени во системот, почнувајки од примарното производство како и производите-лите на опрема, адитиви...

ISO 13485

ISO 13485:2003 ги дефинира барањата кои се однесуваат на системот за управување за квалитет, кога организацијата има потреба да покаже способност дека медицинската опрема и услугите кои ги нуди континуирано ги задоволуваат барањата на пациентите, и дека истовремено ги задоволува законските барања кои се однесуваат на медицинската опрема и услугите.




  © Food Consulting webmaster