|
|
|
HALAL
Во последните децении на минатиот век земјите на Блискиот Исток
беа традициона-лен пазар за нашите прехранбени производи и значаен
трговски партнер, но денешната ситуација е видно изменета и трговската
ра-змена со земјите од Блискиот Исток речиси и не постои. Во услови
на светската криза, пазарот на блискиот исток нуди потенци-јална
можност за продажба на македонските производи.
Светскиот пазар на ХАЛАЛ производи на годишно ниво прави промет
од 850 милијарди USD и е еден од најбрзо растечките пазари во светот
со досегашна стапка на раст од 40 %, а идниот раст се проценува
на 50 % годишно. Економиите на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединети
Емирати, Катар, Оман и Кувајт, тежат 715 милијарди долари.
70% од Муслиманите во светот ги следат HALAL принципите.
Земјите во нашето окружување веќе на голема врата навлегуваат на овие пазари преку воведување на HALAL стандардот во своето работење.
Што е HALAL?
- HALAL e aрапски термин кој означува '' се што е дозволено''
на муслиманите по Шеријатското (верското) право. Спротивниот термин
е HARAM или она што не е дозволено.
- HALAL е стандард кој е комплементарен со HACCP систем и ИСО
2200:2005
- Во регионот е издаден Босанско Херцеговачкиот Стандард БАС
1049 (HALAL Храна 1049: 2007), кој во основа се базира на следниве
документи:
1. CAC/GL 24-1997, General guidelines for use of the term ''halal''
2. CAC/RCP 11-1993, Codex recommendation for Fresh Meat,
3. BAS ISO 22000:2006, Food Safety Management systems- Requirements
for any organization in the food chain
4. BAS ISO 9001:2001, Quality Management system-Fundamentals and
vocabulary
Зашто HALAL?
Воведувањето на HALAL е долги години пракса на најголемите играчи на светскиот пазар: Mc Donald's, Nestle, Kentucky, Fried Chicken. Во нашето блиско окружување фирми кои имаат воведено HALAL се добро познатите хрватски компании: VINDIJA, PODRAVKA, KRAS.
HALAL - кому му е потребен?
- Мали организации (пекари, месарници и супермаркети)
- Средни организации (малосериски производство, мали погони чии прехранбени производи се дистрибуираат на локалниот пазар)
- Големи организации ( чии прехрамбени производи се дистрибуираат на националниот и интрнационалниот пазар )
- Мултинационални ( чии производи се произведуваат и продаваат во различни земји под исто име и бренд)
Како до воведување на HALAL стандардот во Вашето тековно работење?
Доколку сакате да дознаете повеќе информациии за воведување на HALAL, сега имате можност оваа услуга да ја добиете и во Македонија, единствено во Food Consulting ПРВИОТ HALAL КОНСУЛТАНТ ВО МАКЕДОНИЈА.
Корисни линкови:
www.halal.ba
www.ifanca.org/halal/
www.worldhalalforum.org
|
|