|
|
|
Тоа што пред 30 години беше далеку од производствените процеси во
прехрамбената индустрија кога се бараше начин како да се произведе
квалитетна и сигурна храна за учесниците на вселенските мисии, денес
станува секојдневна пракса.
Традиционално во прехрамбената индустрија квалитетот се испитуваше
врз база на случа-јно земени примероци од финалните произво-ди.
Овој начин се покажа недоволно ефика-сен и реактивен наместо превентивен.
Реактивниот систем значеше да се направи загуба, да се фрли финалниот
производ за-тоа што проблемот беше евидентиран на крај откако ќе
се произведе . . .
Доколку сте сопственик, директор, раководител или вработен во претпријатие
кое произведува или манипулира со прехрамбени производи - имаме
неколку информации кои би го задржале вашето внимание.
Што е HACCP?
H - Hazard - ОПАСНОСТ
A - Analysis - АНАЛИЗА
C - Critical - КРИТИЧНИ
C - Control - КОНТРОЛНИ
P - Points - ТОЧКИ
HACCP е систем на работа (самоконтрола) кој е превентивен и кој
служи сите опасности (физички, хемиски и микорбиолошки) по здравјето
на консуматорот да се отстранат или да се сведат на прифатли-во
ниво за време на производството, преработката или складирањето на
прехрамбе-ните производи.
HACCP - зошто е потребен?
-
Со воведување на HACCP системот се намалуваат
конечните трошоци на прои-зводството, се зголемува безбедноста
на вработените и на потрошувачите, се намалуваат рекламациите
а со тоа се зголемува репутацијата на производителот или давачот
на услугите
- HACCP е законска обврска како во Е.У. така и во Република Македонија
- Го зголемува квалитетот и продуктивноста
- Неопходен е за пласман на интернационалниот пазар
HACCP - кому е потребен?
HACCP им е потребен на сите кои работат со храна
без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање
или директно служење на прехрамбените производи. Според сектори
можат да се набројат:
- Месопроизводство, преработка и продажба на месо и месни производи
- Производство и продажба на производи од житарици
- Рибници, преработка и продажба на риба и рибни производи
- Подготовка на свежа и смрзната храна
- Производство на свежо, преработено и смрзнато овошје и зеленчук
- Пакување на вода и производство на освежителни пијалоци
- Трговци со храна и угостителски објекти
- Мензи во детски градинки, училишта, претпријатија како и пензионерски
домови
- Секаде каде што се врши транспорт и складирање на храна
|
|