FOOD CONSULTING - друштво за консултантски услуги










GLOBALGAP

започна како стандард воспоставен од страна на производителите на земјоделски производи како и од страна на велепро-давачите на овошје и зеленчук. Поставување на основите за стандардизација во оваа област е на иницијатива на здруженито на велепродавачите Euro-Retailer Produce Working Group (EUREP) во 1997 година, а со подршка на производителите во но и надвор од Европа.
Поради се поголемото влијание на светскиот пазар на земјоделски производи, EUREPGAP се ребрендира во GLOBALGAP, за да може да одговори посодветно на идните интерна-ционални предизвици. GLOBALGAP е истиот систем за сертификација како и EUREPGAP само надграден. Одлуката за ребрендирање беше донесеан во Септември 2007 на редовно годишно собрание.
Промените се главно во насока на поригорозни правила, кои претходно беа само како препораки но сега се облигаторни за производителите. Измените се направени за да се даде поголемо значење на зачувување на животната средина и обезбедување на соодветни услови за работа на вработените.

Измените во поглед на барањата на GLOBALGAP во однос на EUREPGAP, наскоро ќе можете да ги превземете тука.

GLOBALGAP (претходно познат како EUREPGAP) се позиционира како клучна препорака за "Добра Земјоделска Пракса" на глобалниот пазар, преку пренесување на барањата на потрошувачите во земјоделското производство.

  • GlobalGap е приватно тело што поставува волонтерски стандарди за сетификација на земјоделски производи во целиот свет.
  • GlobalGap сертификатот ги покрива сите земјоделски активности се додека производството не ја напушти фармата.
  • GlobalGap вклучува една годишна инспекција, но можни се и ненајавени инспекции.

GLOBALGAP - зошто е потребен?

  • Со воведување на GLOBALGAP системот се намалуваат опасностите за вработените а во исто време се зголемува безбедноста и квалитетот на прехрамбените прои-зводи во сите фази на производство па се до пласманот кај конечниот конзумент

  • GLOBALGAP е систем кој е создаден и признат од големите светски супермаркети. Ја олеснува продажбата на производите било каде во светот

  • Воведува следливост во работењето
  • Го зголемува квалитетот на работењето

GLOBALGAP - кому му е потребен?

GLOBALGAP како стандард им е потребен на сите произведувачи од примарниот сектор кои се заинтересирани за продажба и олеснет пласман на производите на било кој пазар во светот а со тоа и зголемен профит.
Може да се сертифицираат следниве производствени сектори:

  • Свежо овошје
  • Свеж зеленчук
  • Режено цвеќе
  • Расаден материјал


  © Food Consulting webmaster